Утрински Весник
Спорт

Џибрил Сисе се враќа на терените

Џибрил Сисе се враќа на терените

Марсеј, 8 мај 2020 (МИА) – Поранешниот француски фудбалер Џибрил Цисе планира да се врати на теренот. Имено, контроверзниот напаѓач сака да стигне до 100 голови во француската Лига 1, па тој ќе работи напорно во текот на летото за да стигне до форма достојна за ангажман.

Тој во моментов е на бројката „96“, па дури и понуди да игра бесплатно, само за да ја постигне својата цел.

– Знаете како е со напаѓачите … Ние сакаме голови и сакаме да постигнеме „кружни“ броеви. За мене тоа е рекорд од 100 голови кои сè уште ме прогонуваат. Бев запрен на 96 и цело време мислам дека ми недостасуваат само четири гола. Подготвен сум да играм без плата, така што тоа не претставува никаков ризик за нив. Во моментов не сум во посериозни преговори со ниту еден клуб, но заинтересиран сум за сè, изјави поранешниот играч на Оксер, Марсеј, Ливерпул, Панатинаикос …

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот