Утрински Весник
Магазин

Џејсон Момоа и Лиза Бонет решија да се разделат

Џејсон Момоа и Лиза Бонет решија да се разделат

По цели 16 години поминати заедно, од кои четири во брак, актерот од „Аквамен“ Џејсон Момоа и ѕвездата на „Козби шоу“ Лиза Бонет решија да се разделат.

Еден од најинтересните холивудски парови ја соопшти разделбата во заедничка изјава споделена на Инстаграм-страницата на Џејсон.

Џејсон и Лиза, кои заедно ја имаат ќерката Лола (14) и синот Накоа-Вулф (13), се венчаа во 2017 година откако беа заедно повеќе од 10 години, а сега објаснуваат дека иако се разделуваат во екот на пандемијата, љубовта меѓу нив продолжува и тие сакаат да дадат пример за своите деца ослободувајќи се еден со друг.

„Сите ние го почувствувавме притисокот и промените на овие трансформациски времиња… Во тек е револуција и нашето семејство не е исклучок… и тоа ги чувстува сеизмичките промени што се случуваат. И така ја споделуваме нашата семејна вест дека се разделуваме,“стои во објавата на социјалната мрежа.

„Ова го споделуваме не затоа што мислиме дека е вредно за вест. Кога веќе сме решиле да тргнеме по свој пат во нашите животи, сакаме да го направиме тоа достоинствено и чесно.“

„Љубовта меѓу нас продолжува. Се ослободуваме еден со друг – за да бидеме она што учиме да бидеме“.

Можете да прочитате

Лазаров најавува второ издание на Lazarov Awards во засилување со Игор Џамбазов

Дневен хороскоп за 05 март 2026

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници