Утрински Весник
Сцена

Џејк Џиленхол – момче за секого

Џејк Џиленхол – момче за секого

Лос Анџелес, 12 мај 2020 (/) – Како и целиот свет, така и глумецот Џејк Џиленхол се бори со здодевноста. Но, како и скоро сите ѕвезди периодов, и тој се обидува да ги забавува своите следачи.

„Еве зошто Џејк Џиленхол е момче за секого што е во самоизолација“, прокоментира Андреја Вурцбургер, колумнистка на „Пипл“, која притоа призна дека самата таа е во искушение и недоумица околу тоа – дали да му пише на поранешното момче, или да се впушти во поинтензивни интернет-состаноци.

Имено, на задоволство на обожавателките и обожавателите, негативецот од последниот „Спајдермен“ филм објави слика од себе во миг на акробација „стој-на-раце“.

Намерно или не, неговата широка маица, некако, токму во тој миг падна надолу, што сликата ја направи уште поголем хит.

„Џејк Џиленхол не ми е момче… Но, кога си сингл – па дури и ако не си, тој ќе ја пополни празнината голема колку едно момче, во секое наше срце“, додава Вурцбургер.  си/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка