Утрински Весник
Магазин

Џејкоб Елорди ги покажа своите стомачни на плажа во Малибу

Џејкоб Елорди ги покажа своите стомачни на плажа во Малибу

Неговата романса со манекенката ќерка на Синди Крафорд, Каја Гербер добро напредува.

А во вторникот, Џејкоб Елорди отиде сам во Малибу за да ужива во сурфањето на бранови.

Папараците го уловија австралискиот актер кога се враќаше од плажа кон својот автомобил паркиран на автопатот покрај плажата. Атлетски градениот Џејкоб чија висина надминува 1.95 ги покажа своите беспрекорни стомачни мускули во црно одело за сурфање завиткано преку струкот.

Џејкоб (23) стана познат како една од ѕвездите на филмот романтична комедија The Kissing Booth кој беше премиерно прикажан во мај 2018 година на „Нетфликс“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027