Неговата романса со манекенката ќерка на Синди Крафорд, Каја Гербер добро напредува.
А во вторникот, Џејкоб Елорди отиде сам во Малибу за да ужива во сурфањето на бранови.
Папараците го уловија австралискиот актер кога се враќаше од плажа кон својот автомобил паркиран на автопатот покрај плажата. Атлетски градениот Џејкоб чија висина надминува 1.95 ги покажа своите беспрекорни стомачни мускули во црно одело за сурфање завиткано преку струкот.
Џејкоб (23) стана познат како една од ѕвездите на филмот романтична комедија The Kissing Booth кој беше премиерно прикажан во мај 2018 година на „Нетфликс“.