Холивудската sвезда Џефри Раш ја доби најголемата отштета за клевета досега платена во Австралија, откако австралискиот суд ја отфрли жалбата на весникот во сопственост на Руперт Мардок.
Оскаровецот ќе добие два милиони долари поради изгубената заработка и како надомест откако судот ја отфрли жалбата за намалување на трошоците и повторно судење.
Оваа одлука против Nationwide News, австралиската подружница на „Њуз корп.“, е последниот пресврт во правната битка помеѓу Раш и „Дејли телеграф“, кој го обвини за непримерно сексуално однесување кон актерките.
Во статијата на насловната страница објавена во 2017 година, „Дејли телеграф“ напиша дека Сиднејската театарска компанија добила поплака дека Раш непримерно ја допирал колешката за време на поставувањето на претставата „Кралот Лир“.
Судијата во Сиднеј ја опиша содржината на статијата како безобѕирен и неодговорен пример на сензационалистичко новинарство.
Локалните медиуми објавија дека сумата што Раш ќе ја добие е најголемата досега платена на поединец во Австралија, која има строги закони за клевета.
Раш освои Оскар за улогата во филмот „Блесок“ во 1996 година и е еден од малкутемина што освоија и Златен глобус, Еми и Тони.
Текстот Џефри Раш доби најголема отштета за клевета во историјата на Австралија е превземен од МАКФАКС.