Утрински Весник
Свет

Џентилони: Европа мора да воспостави хуманитарни коридори за Авганистанците

Џентилони: Европа мора да воспостави хуманитарни коридори за Авганистанците

Европа мора да воспостави хуманитарни коридори за прием на бегалци од Авганистан со цел, меѓу другото, да се избегне неконтролиран прилив на илегални мигранти, изјави еврокомесарот за економија Паоло Џентилони.

„Мислам дека Европа неизбежно ќе мора да се опреми за хуманитарни коридори и организиран прием со цел, меѓу другото, да избегне неконтролиран прилив на илегални мигранти. Или барем земјите што се подготвени да прифатат мигранти треба да го сторат тоа”, рече Џентилони за италијански медиуми.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска треба да одржат кризен состанок на кој ќе се разговара за состојбата во Авганистан откако власта падна во рацете на Талибанците.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија