Утрински Весник
Свет

Џенрик: Нема причина за загриженост за вакцината на „АстраЗенека“

Во САД проширена истрагата за безбедноста на вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“

Британскиот министер за локални заедници, Роберт Џенрик, изјави дека нема причина за загриженост поради податоците за ефективноста на потенцијалната вакцина од Универзитетот Оксфорд и компанијата „АстраЗенека“.

Тој додаде дека е потребна независна проверка откако „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд признаа дека се појавила грешка при тестирање на вакцината против коронавирус, што покрена многу прашања во врска со прелиминарните резултати што ги објавија.

„Мислам дека нема причина да се грижиме. Ние и пишавме на комисија која самостојно ќе ја процени точноста и безбедноста на вакцината“, рече тој, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата и универзитетот претходно објавија дека нивната вакцина е многу ефикасна, не спомнувајќи зошто некои од учесниците во студијата не ја примиле целата доза за време на првата од двете вакцинации, пишува списанието „Тајм“.

Всушност, подоцна се покажа дека групата што примила помало количество вакцина е подобро заштитена од волонтерите кои примиле две цели дози.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кина претстави „супер војник“ – 24info.mk

САД го преместуваат носачот на авиони на Блискиот Исток

САД почнаа да продаваат нафта од Венецуела, до сега инкасирале 500 милиони долари