Утрински Весник
Спорт

Џенова со голем пресврт го реши Каљари, Торино пресилен за Салернитана

Џенова со голем пресврт го реши Каљари, Торино пресилен за Салернитана

Тимот на Џенова со пресврт стигна до победа на гостувањето во Сардинија, кај тимот на Калјари со 3-2.
Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев одигра 62 минути во победата на својот тим, но не се запиша во листата на стрелците.

Калјари во 16 минута со голот на Жоао Педро од пенал поведе со 1-0. Домашната екипа во 56 минута дојде до поубедлива предност, Капители стрелаше прецизно за 2-0.

Сепак, по само 3 минути Дестро ја врати неизвесноста на мечот. Намали на 2-1.

Во 69 минута Мохамед Фарес кој во игра влезе на стартот на вториот дел носи израмнување на 2-2, а истиот играч, во 78 минута погоди за целосен пресврт во полза на клубот од југот на земјата.

Екипата на Торино, пак, до врв ја наполни мрежата на новиот прволигаш Салернитана.
Санабриа, Бремер, Побега и Лукиќ се запишаа во листата на стрелците.

Гостински триумф за Удинезе кај Специја и тоа со гол во 89 минута. Самарџиќ беше стрелец на погодокот вреден три бода за тимот од Удине кој со победата се избори за трета позиција на табелата.

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не беше во составот на Удинезе затоа што се уште се рехабилитира по операцијата на коленото.

> Џенова со голем пресврт го реши Каљари, Торино пресилен за Салернитана <

Можете да прочитате

Восочната фигура на Килијан Мбапе можеби е најдобрата фигура на фудбалер досега

Македонските одбојкари со пораз ги почнаа настапите во Европската златна лига

Кениса Бекеле учествува на Олимпијадата во Париз