Утрински Весник
Магазин

Џенифер Хадсон го прослави 40. роденден откривајќи ја својата восочна фигура во „Мадам Тисо“

Џенифер Хадсон го прослави 40. роденден откривајќи ја својата восочна фигура во „Мадам Тисо“
Ss2

Џенифер Хадсон изгледаше како да не им верува на своите очи кога ја виде својата восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“ во Њујорк.

Sвездата на Dreamgirls воздивна кога ја виде фигурата, која беше откриена во неделата, во текот на роденденската забава во Summit One Vanderbilt.

Ss1

Хадсон (40) прави идентична поза со онаа на нејзиното восочно алтерего додека стои до фигурата за фотосесија.

Шефот за маркетинг на њујоршкиот „Мадам Тисо“ Тиаго Могадуро, рече: „Џенифер Хадсон е моќна и талентирана женска фигура во филмот, телевизијата и музиката и ние сме толку возбудени за ова ново дополнување на „Мадам Тисо“ во Њујорк.

Како актерка таа е добитничка на „Оскар“, како пејачка таа е добитничка на „Греми“, како продуцент ја има освоено наградата „Еми“ – на Хадсон ѝ недостига само една награда „Тони“ за  ЕГОТ (акроним за Еми, Греми, Оскар и Тони). Во 2012 година, нејзината книга мемоари I Got This: How I Chanel My Ways and Lost What Weighed Me Down стана бестселер на „Њујорк тајмс“.

А во новиот филм Respect, таа ја портретира кралицата на соул музиката Арета Френклин.

Ss1

Можете да прочитате

Уапсени група крадци на ретки книги

7 милиони прегледи: Мајкрософт објави снимка со вештачка интелигенција на Мона Лиза како рапува

Ловоровото масло е природен лек против мигрена