Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез сподели ново видео за On My Way

Џенифер Лопез сподели ново видео за On My Way

Џенифер Лопез доби ран подарок од своето момче Бен Афлек за Денот на вљубените.

Бен (49) ѝ подари видео монтажа со стари снимки од нив, а во позадината се слуша нејзиниот нов сингл On My Way од саундтракот на Marry Me („Омажи се за мене“).

Џенифер (52) го сподели четриминутното видео со фановите како дел од првото мемо за својот нов билтен On the JLo.

Официјалното музичко видео за песната беше објавено уште во декември.

Романтичната комедија „Омажи се за мене“, со Џенифер, Малума и Овен Вилсон во главните улоги, минатиот петок почна да се прикажува во кината и на стриминг-услугата „Пикок“.

Можете да прочитате

Висок крвен притисок – главни причини и совети

Поротата одлучи: „Фејсбук“ и „Јутјуб“ не предупредиле за ризикот од зависност, отштетата кон тужителот е три милиони долари

Што жените над 40 години не ги сакаат кај мажите, а генерацијата Z ги смета за привлечни