Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез снима филм во Ванкувер

Џенифер Лопез снима филм во Ванкувер

Џенифер Лопез беше забележана во понеделникот во Ванкуфер како снима сцена за нејзиниот најнов филм.

52-годишната холивудска ветеранка се трансформира во лик како убиец, облечена во кафеава бомбер јакна со постава во крем боја и авијатичарски очила за сонце.

Изгледот на атентаторка го дополни со темни товарни панталони и борбени чизми.

Сцената е снимена на аеродромска писта, каде што таа излегува од транспортер за багаж.

Во близина беа членовите на екипата од филмот, како и црн теренец, кој скриениот лик го користи за да избега.

Филмот „Мајка“ е оригинален проект на „Нетфликс“, прв во новиот партнерски договор меѓу стриминг-гигантот и Nuyorican Productions, продукциска компанија на Лопез.

Трилерот го режира Ники Каро, а сценариото го напиша Миша Грин.

Џенифер глуми жена убиец која е принудена да се откаже од својата ќерка, но се враќа години подоцна за да ја заштити од група опасни луѓе.

Снимањето започна во Канада оваа недела и треба да заврши до крајот на јануари.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста