Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез се врати од Шпанија за да биде со саканиот

Џенифер Лопез се врати од Шпанија за да биде со саканиот

Двојката беше забележана заедно во неделата, откако медиумите открија дека „Мајка“, најновиот филм на Лопез, е ставен на пауза во Шпанија поради случаи на коронавирус во продуцентскиот тим.

Џеј Ло (52) е во лежерно и непрепознатливо издание, додека Бен Афлек (49) изгледа привлечно во темна кошула, темни фармерки и сако.

Акциониот филм со наслов The Mother, кој треба да излезе подоцна оваа година, се снимаше во Ванкувер, Британска Колумбија, пред продукцијата неодамна да се пресели во Гран Канарија, во близина на Канарските Острови.

Магазинот „Пипл“ потврди дека снимањето во странство било прекинато поради позитивни случаи на коронавирус поврзани со продуцентскиот тим.

Лопез, наводно, пристигнала во шпанскиот град минатата недела и била изолирана додека чекала да почне снимањето, но во неделата со приватен авион се вратила во САД, според „Пејџ сикс“.

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години