Латино дивата и поранешниот бејзбол играч изгледа дека ја пребродија кризата.
Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез рекоа дека работат на нивната врска откако се појавија шпекулации за нивна разделба. Се чини дека тие ја обновиле својата романса, а на заедничките фотографии изгледаат посреќни од кога и да е.
Споделувајќи го нивниот нов деловен потфат, Алекс напиша на Инстаграм: „Официјало е! Ние сме дел од семејството goligummy !!“
„Џенифер и јас сме многу возбудени да објавиме дека ги здруживме силите со Goli Nutrition. Тие направија револуција во велнес индустријата со своите иновативни, вкусни и хранливи гуми за џвакање!“
Џенифер и Алекс неодамна беа забележани како се бакнуваат во Доминиканската Република, каде што престојуваат додека Џенифер го снима новиот филм.