Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез доби букет рози од својот вереник за Денот на вљубените

Џенифер Лопез доби букет рози од својот вереник за Денот на вљубените

Џенифер Лопез имаше одличен празник на љубовта, коментираат таблоидите, додавајќи дека февруари е месецот во кој се запозна со Алекс Родригез, и го слават како нивни месец.

51-годишната пејачка во неделата наутро сподели видео на својот Инстаграм профил за да им го покаже на своите 142 милиони следачи прекрасниот букет рози што ѝ го испратил нејзиниот вереник Алекс.

Во објавата, насловена Love is in the air, поп-ѕвездата се воодушевува на романтичниот гест и додава дека испораката на цвеќе ѝ носи насмевка на лицето и радост во срцето.

Лопез напиша: „Февруари е наш посебен месец … наш јубилеен месец … Се сретнавме за прв пат на 1 февруари“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста