Утрински Весник
Свет

(Видео) Снег ја прекри Грција, температурата падна под нулата, силни ветрови на грчките острови

(Видео) Снег ја прекри Грција, температурата падна под нулата, силни ветрови на грчките острови

Студен бран ја погоди Грција за време на викендот и ги спушти температурите во Атина од 20 Целзиусови степени, како што беа во петокот, на значително под нулата денес, а во градот паѓа обилен снег, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека градските власти апелирале до граѓаните да го ограничат излегувањето само за приоритетните потреби, а главниот автопат северно од Атина е затворен поради снежни врнежи.

Автопатот Атина – Ламија ќе биде затворен 24 часа на ден, од понеделник во 19:00 часот и цел ден во вторник, по одлуката на Цивилната заштита, поради лошите временски услови, пренесуваат грчките медиуми.

Температурите во областа Кожани во северна Грција се спуштија на минус 20 Целзиусови степени, а на грчките острови беа забележани силни ветрови, со налети кои достигнуваа 118 километри на час.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД МАДУРО ЗАД РЕШЕТКИ: Насмеан позира од затворот во Њујорк

Хамнеи ги повика земјите од Персискиот Залив да се обединат против „вистинскиот непријател“

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал, властите предупредуваат за зголемување на нивоата на реките