Џенифер Брејди ги надмина сите очекувања и се пласираше во своето прво гренд слем полуфинале, откако со 6:3/6:2 ја „збриша“ 23. носителка Јулија Путинцева за да дојде на неочекувани две победи од најголемиот трофеј во кариерата.
За место во финалето, Брејди ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу четвртата носителка, Јапонката Наоми Осака и Американката Шелби Роџерс. Брејди нема загубено сет на турнирот и вели дека влегла на турнирот многу психички подготвена.
„Мислам дека сега сум многу подобра тенисерка, и физички и психички. Се вратив во форма за време на паузата и можам да го изддржам интензитетот цел меч“, вели Брејди, која претходно како најдобар успех можеше да се пофали со четврто коло на САД опен и на Австралија опен во 2017 година.
> Џенифер Брејди во своето прво гренд слем полуфинале! <