Утрински Весник
Магазин

Џез легендата Чик Кореа почина на 79-годишна возраст

Џез легендата Чик Кореа почина на 79-годишна возраст

Чик Кореа, џез музичар добитник на „Греми“ награди, почина на 79-годишна возраст, наведено е на неговата веб-страница.

Кариерата на култниот џез пијанист траеше повеќе од пет децении. Неговиот последен албум беше објавен во 2020 година. Кореа е четврти најноминиран уметник во историјата на Греми-наградите со 65 номинации, победувајќи 23 пати.

Тој починал на 9 февруари од редок вид на рак, кој бил дијагностициран неодамна.

Кореа свиреше со Мајлс Дејвис кон крајот на 1960-тите, а неговата група, Return to Forever беше во првите редови на движењето џез-фузија.(движење за фузија на џезот)

Во светот беше познат и како композитор на многу хитови како Spain и 500 Miles High.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста