Утрински Весник
Култура

„Џезтетика“- промоција на книга фотографии од Татјана Ранташа во МКЦ

„Џезтетика“- промоција на книга фотографии од Татјана Ранташа во МКЦ

Денеска, со почеток во 13 часот  на платото пред МКЦ, ќе се одржи матине-промоцијата на првата книга фотографии на Татјана Ранташа, облагородена со текстуалните варијации на Александар Прокопиев, наречена – Џезтетика.

Книгата се состои од портрети на 50-тина македонски џез-музичари, претставени преку објективот на Татјана Ранташа, професионален фотограф што ги бележи сите позначајни музички настани во нашиот град. Оваа збирка фотографии е производ на долгогодишно ‘висење’ на авторката по концерти, клубови, проби и дружење со музичарите, еден цел живот испреплетен и оплеменет од нашата музика.

Фотографиите се медиум што на гледачите им ја пренесува магијата на музиката, но во исто време се и документ за едно време, луѓе и настани од нашето блиско минато, а самата книга е своевиден печат и спомен на она што сме го поминувале и доживувале на нашата музичка сцена сите овие години.

За сето тоа да помине во уште поубава и разиграна атмосфера ќе се погрижат ЗЏМ-Колективот и Ален Хаџи-Стефанов преку радиото Jazz FM

Текстот „Џезтетика“- промоција на книга фотографии од Татјана Ранташа во МКЦ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“