Утрински Весник
Македонија

Џафери на средба со шведската амбасадорка: Ако вирусот го наложи тоа, Собранието ќе заседава од далечина

Џафери на средба со шведската амбасадорка: Ако вирусот го наложи тоа, Собранието ќе заседава од далечина

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска оствари средба со шведската амбасадорка во земјавва, Кристин Форсгрен Бенгтсон.

Џафери изразил уверување дека и во наредниот период двете држави ќе продолжат да ги развиваат и унапредуваат меѓусебните односи и дека парламентарната соработка ќе се интензивира.

Воедно информирал дека по одржаните парламентарни избори на 15 јули, Собранието е во фаза на формирање на работните тела, делегациите во меѓународните собранија и пратеничките групи за соработка. Во однос на работата на Собранието, истакнал дека фокусот ќе биде ставен на реформските процеси врзани со евроинтеграциите, справувањето со коронавирусот и економскиот развој.

Џафери ја информирал амбасадорката и дека се размислува за воведување на алтернативен начин на работа на парламентот, односно работа од далечина, доколку состојбата со коронавирусот го наложи тоа.

Амбасадорката Бенгтсон упатила честитки за успешното одржување на парламентарните избори во услови на пандемија, а како многу позитивни настани за земјата ги оценила членството во НАТО и зеленото светло за отпочнување на преговорите со ЕУ и имплементацијата на реформите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ