Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џафери на средба со косовскиот министер за здравство

Џафери на средба со косовскиот министер за здравство
300x250 opst2

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го прими министерот за здравство на Република Косово, Арменд Земај.

На средбата, стана збор за заеднички теми и интереси за подобрување на здравствената состојба и меѓусебната професионална комуникација во полза на стабилноста и одржлива состојба, имајќи ја предвид ситуацијата со пандемијата и огромниот удар што го нанесува на здравствените и економските системи на сите држави. Само со заедничко и усогласено делување на сите чинители ќе може да се надмине здравствената криза со која се соочува светот.

Претседателот Џафери, меѓу другото, се заложи за преземање на чекори за олеснување на движењето на граѓаните од двете земји, почитувајќи го при тоа мислењето на професионалните тела. Тој истакна дека Република Северна Македонија го поздравува  потпишувањето на Договорот за економска соработка што беше потпишан во Вашингтон меѓу Република Косово и Република Србија.

Двајцата соговорници потврдија дека соработката е на завидно ниво и меѓу двете соседни земји постои успешна билатерална комуникација, доверба и блиски политички односи. Тие оценија дека и понатака треба да се продолжи со вложување во идната соработка која има силен потенцијал да ги зајакне билатералните врски во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија и Република Косово

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведени две Италијанки на Табановце, носеле 186 семки канабис и марихуана

Приведени двајца криумчари од Скопје – превезувале мигрант од Турција

Левица ја води правната битка против АВМУ: „Сите се прогласуваат за ненадлежни, но правдата ќе ја бараме во Стразбур“