Утрински Весник
Свет

СЗО бара државите да даваат повеќе пари за запирање на пандемијата

СЗО: Потребни се повеќе пари за борба против пандемијата

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус,  ги повика државите да обезбедат пари за забрзување на производството на средства што би можеле да помогнат во запирање на пандемијата на коронавирусот.

„Програмата на СЗО ‘АКТ-акцелератор’ веќе поддржува истражувања за потенцијални вакцини, лекови и дијагностика. Меѓутоа, треба побрзо да ги засилиме клиничките истражувања, производството, лиценцирањето и регулаторниот капацитет, за овие производи да можат да допрат до луѓето и да почнат да спасуваат животи“, рече Тедрос.

Според податоците, од вкупно 27.681.757 луѓе кај кои е потврден коронавирусот, досега починале 900.004 пациенти. Од почетокот на пандемијата, излекувани се 19.733.597 лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад