Утрински Весник
Магазин

Џастин Чемберс ќе го глуми Марлон Брандо од ерата на „Кум“

Џастин Чемберс ќе го глуми Марлон Брандо од ерата на „Кум“

Џастин Чемберс има тешка задача и голема предизвик да го глуми актерот над актерите, холивудската урбана легенда Марлон Брандо, во претстојната мини-серија The Offer на „Парамаунт плус“.

ТВ-актерот (50) ќе го потретира Брандо во времето кога го глумеше Вито Корлеоне во победникот за најдобар филм, The Godfather („Кум“) од 1972 година, кој на Брандо му го донесе неговиот втор „Оскар“ за најдобра машка улога, пишува „Дедлајн“.

Новата улога е прва за Чемберс по неговото изненадно заминување од „Вовед во анатомија“ кон крајот на 2019 година.

Можете да прочитате

Што жените над 40 години не ги сакаат кај мажите, а генерацијата Z ги смета за привлечни

Зорица Брунцлик итно префрлена на хирургија

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра