Утрински Весник
Свет

Џастин Трудо позитивен на ковид

Џастин Трудо позитивен на ковид

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска објави дека е позитивен на коронавирусот.

Трудо (50) го добил резултатот од тестот утрово според локално време, јавуваат канадските медиуми.

Тој на Твитер напиша дека се чувствува добро и дека една недела ќе работи онлајн во согласност со правилата.

Тој апелираше до граѓаните да се вакцинираат и да добијат бустер доза од вакцината против коронавирусот.

Трудо е во самоизолација од минатата недела, бидејќи едно од неговите деца беше позитивно на тестот за Ковид-19.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи