Утрински Весник
Свет

Џавид: Мора да дејствуваме во Украина за да го запреме она што се случи во БиХ

Џавид: Мора да дејствуваме во Украина за да го запреме она што се случи во БиХ
Dik 300x250 mk

Светот мора да дејствува за да ги спречи масовните убиства во Украина, изјави во средата британскиот министер за здравство Саџид Џавид, споредувајќи ги извештаите за цивилни убиства на руски војници со геноцидот во Босна и Херцеговина во 1995 година.

Откако руските војници се повлекоа од градовите и селата околу украинскиот главен град Киев, украинските војници им покажаа на новинарите тела на цивили убиени од руските сили, уништени куќи и запалени автомобили.

– Ова е масовно убиство од невидени размери во Европа. Вакво нешто не сме виделе од 1995 година – изјави тој за Би-Би-Си.

Во јули 1995 година, силите на босанските Срби ја окупираа „безбедната зона“ на Обединетите нации во Сребреница и извршија геноцид врз мажи и момчиња, што се смета за најголемото злосторство во Европа од Втората светска војна.

– Не сакам да се случи уште еден геноцид во Европа за неколку години. Ние ја имаме моќта, светот има моќ да го запре и мора да дејствува – изјави Џавид.

Можете да прочитате

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Прва фотографија од бебе-планета во прстен околу ѕвезда

Орбан предизборно ќе исплати 14-та пензија