Утрински Весник
Економија

Илон Маск го прекршил законот за хартии од вредност, доцна го објавил купувањето на „Твитер“

Илон Маск го прекршил законот за хартии од вредност, доцна го објавил купувањето на „Твитер“

Поранешни членови на Американската комисија за хартии од вредност (SEC) и професори велат дека извршниот директор на „Тесла“ го пропуштил рокот за објавување на информацијата дека купил 9 отсто од акциите на социјалната мрежа „Твитер“ и дека доставил погрешна документација.

На 4 април, Маск откри дека купил 9,2 отсто од акциите на „Твитер“, што го прави најголемиот акционер во мрежата за микро-блогирање, што предизвика скок на акциите на компанијата за повеќе од 27 отсто. Во поднесок објавен на Њујоршката берза, тој навел дека купувањето е извршено на 14 март 2022 година, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Раст на БДП од 4,3 проценти – потврда дека економијата забрзува

Индустријата расте, но рударството паѓа – без нови инвестиции секторот ризикува дополнително да се намалува

Гувернерот Славески на средба со претставници на Амбасадата на САД