Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ќучук: ЕУ конечно одговори на очекувањата на земјите од Западниот Балкан

Илхан Ќучук е новиот известувач за Северна Македонија во Европарламентот
300x250 opst2

Брисел, 24 март 2020 (МИА) – Европската унија конечно успеа да одговори на очекувањата на земјите од Западниот Балкан и на нивните граѓани, кои долго чекаат да започнат преговори за членство, оцени бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук по одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да донесе политичка одлука за почеток на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија.

– Таквата одлкука сега е уште позначајна, не затоа што ги покри разочарувањата од одлуката на Самитот во октомври, туку затоа што Европа и светот се наоѓаат во состојба без преседан. Зеленото светло за почеток на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, покажа дека Европа може да носи одлуки и во кризни моменти, изјави Ќучук.

Тој нагалси дека во услови на пандемија на коронавирусот ЕУ не смее да ги заборави земјите од Западен Балкан, па затоа со група европартеници побарале од Европската комисија да предложи ефикасни мерки за помош на државите од регионот за борба против Ковид-19.

– Само така ќе бидеме способни да ја совладаме оваа пандемија, додаде Ќучук. сп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алејата на ангелите во Кочани повторно зборува без зборови

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи