Утрински Весник
Свет

Ќучук: Во 21 век, да се оспорува идентитетот и јазикот на кој било е неевропско и неодржливо

Предлогот на Европската Унија беше прифатен во македонското Собрание, а билатералниот протокол беше потпишан вчера во бугарското Министерство за надворешни работи. Бугарскиот интерес е заштитен, ова е успех и за дипломатијата, изјави европратеникот и постојан известувач на ЕП за Македонија, Илхан Ќучук, гостувајќи утрово во емисијата „Денот почнува“, пренесе БНТ.

dobivaj vesti na viber

„ Не треба да бараме кој е победник или кој е губитник во овој долг разговор“, нагласи тој.

Според Ќучук, договорот од 2017 година бил успешен по тоа што поставил одредени проблеми, но и дал можност да се започне сложениот разговор за минатото, кој исто така поминува низ разговорот за иднината.

„ Ние ги потпишуваме договорите во однос на уставот на Бугарија и уставот на Северна Македонија. Веројатно според овој протокол, под кој министрите се потпишаа вчера, г-ѓа Генчовска како бугарска министерка за надворешни работи го потпиша делот во кој се вели Бугарскиот јазик во однос на уставот на Република Бугарија и Македонскиот јазик во однос на уставот на Република Северна Македонија.

Тој нагласи дека во 21 век, да се оспорува идентитетот и јазикот на кој било е едноставно неевропско и неодржливо.

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати

Протест на ултраортодоксните Евреи против задолжителната воена служба во Израел

Повеќе од 20 загинати откако Русија изврши голем воздушен напад врз Украина