Утрински Весник
Македонија

Ќе се санираат критичните точки на коритото на реката Шемница во Битолско

Ќе се санираат критичните точки на коритото на реката Шемница во Битолско

Битола, 15 јуни 2020 (МИА) – Критичните точки на коритото од реката Шемница во Битолско ќе се санираат со посебен акциски план за чистење. Увид во активностите за регулирање на користото на реката направија заменик министерот во Министерството за локална самоуправа Дејан Павлески и градоначалничката Наташа Петровска.

Најкритични делови од речното корито на пелагониската река Шемница се наоѓаат кај селото Црнобуки, и токму таму ќе се интервенира, заклучија Павлески и Петровска откако од ЈП „Битолско поле“ беа информирани за потребата од таа интервенција.

Подготвен е акциски план за чистење на речното корито во должина од 3.200 метри кое во најголем дел е обраснато со нискостеблеста и високостеблеста вегетација, нема слободен тек на водата и таа често се излева, беше посочено за време на посетата на заменик министерот Павлевски и градоначалничката Петровска.

Критичните точки на коритото од реката Шемница ќе се санираат со посебен акциски план за чистење, информираа од Општина Битола.мт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче потврди дека има „златна виза“ за Дубаи, ВМРО-ДПМНЕ прашува како ја добил?

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Од викендов полека влегуваме во поладен период!

Над Македонија помина Медитерански влажен бран и на повеќе места донесе нови врнежи!