Утрински Весник
Македонија

Ќе се олеснува пристапот во СВР Тетово за лицата со хендикеп

Ќе се олеснува пристапот во СВР Тетово за лицата со хендикеп

Тетово, 11 јуни 2020 (МИА) – Во дворот на тетовската полиција започнати се активности за подобрување на пристапот до трите згради на оваа институција за лицата со хендикеп, како и за хортикултурно уредување.

-Во дворот на СВР Тетово се планира да се обликуваат и посебни патеки за непречено движење на лицата со хендикеп и за нивен полесен пристап до службите за издавање лични документи. Во план е, исто така, да се обликуваат и две отворени чекални, каде граѓаните ќе можат да пополнат обрасци и да се засолнат од Сонце или дожд, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од активностите за средување и разубавување на просторот пред и околу трите деловни објекти денеска биле засадени десетина нови украсни дрвца.

-Идната недела ќе се постават и нови клупи за седење, како и наменски систем за наводнување на зеленилото, информираше Јосифоски.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово потенциртат дека и во иднина ќе се работи на подобрување на вкупните услови за работа и за давање услуги на граѓаните. ас/вг/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пуштено во употреба реконструираното Одделение за трауматологија во болницата „Св. Наум Охридски“, инвестирани 230.000 евра

Вработени во „Национални шуми“ овозможиле незаконска сеча на огревни дрва во вредност од 570.000 денари

Левица: Гостивар е цената што ја плаќаме за партизирана држава