Утрински Весник
Македонија

Ќе се олеснува пристапот во СВР Тетово за лицата со хендикеп

Ќе се олеснува пристапот во СВР Тетово за лицата со хендикеп

Тетово, 11 јуни 2020 (МИА) – Во дворот на тетовската полиција започнати се активности за подобрување на пристапот до трите згради на оваа институција за лицата со хендикеп, како и за хортикултурно уредување.

-Во дворот на СВР Тетово се планира да се обликуваат и посебни патеки за непречено движење на лицата со хендикеп и за нивен полесен пристап до службите за издавање лични документи. Во план е, исто така, да се обликуваат и две отворени чекални, каде граѓаните ќе можат да пополнат обрасци и да се засолнат од Сонце или дожд, потенцира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од активностите за средување и разубавување на просторот пред и околу трите деловни објекти денеска биле засадени десетина нови украсни дрвца.

-Идната недела ќе се постават и нови клупи за седење, како и наменски систем за наводнување на зеленилото, информираше Јосифоски.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово потенциртат дека и во иднина ќе се работи на подобрување на вкупните услови за работа и за давање услуги на граѓаните. ас/вг/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Опасни карпи се дробат рачно и со механизација, делницата Дреново-Фариш наскоро во сообраќај

Димитар Апасиев доби ќеркичка – Се роди Сара

Александар Саша Димитријевиќ од СДСМ е избран за шеф на Централниот изборен штаб за локалните избори