Утрински Весник
Македонија

Ќе се гради крак од улица Плачковица во Делчево, неасфалтирана 28 години

Ќе се гради крак од улица Плачковица во Делчево, неасфалтирана 28 години
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Делчево, 19 февруари 2020 (МИА) – Крак од улицата Плачковица што се наоѓа во највисокиот дел од населбата Маџир Маало наскоро ќе добие нов асфалт. Ова денеска го најави делчевскиот градоначалник кој рече дека им излегуваат во пресрет на граѓаните, кои долги години газат кал на овој потег од градот.

-Конкретно за крак од улицата Плачковица во Маџир Маало во стариот дел од градот, можам да кажам дека тие жители никогаш немале патна инфраструктура. Во моја комуникација со граѓаните од тоа место, им кажав дека веќе имаме побарано проект и по неговото одобрување истите ќе добијат асфалтирана улица, велат од Општината.

Screenshot

Миле Миленковски, кој е жител на населбата Маџир Маало, вели дека улицата 28 години не е асфалтирана.

-Дваесет и осум години живееме во кал. За да одиме до чаршијата чевлите ги носиме во раце. Мерена е улицата во минатото најмалку 15 пати, а не е правена ниту еднаш, вели Миленковски.

Освен во населба Маџир Маало, како што додаде делчевскиот градоначалник, проекти се поднесени и за улици во населбата Расадник.

-И во населбата Стар Расадник имаше реакција од граѓаните за она што не е направено со години и таму се запознаени граѓаните дека има проекти за да се направат улиците Христијан Тодоровски – Карпош и Видое Смилевски – Бато. Се надеваме дека после ревизијата ќе бидат дадени како нарачка на економскиот оператор, тендерот пред одреден временски период заврши, така што сите тие проекти што ги имаме дадено за проектирање без забелешки од проектантите ќе бидат реализирани и со тоа во голема мера ќе го подобриме животот на нашите сограѓани, рече Трајковски.

Делчевскиот градоначалник се осврна и на изградбата на улица во село Тработивиште која ќе се гради како дел од проектот „Водоснабдување на Делчево“. Планирани се и три улици во село Град, две улици во село Стамер и една улица во село Вирче. По одобрувањето на проектите од општината најавија реализација на споменатите градежни активности. вс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Алатката НОТАС предвидува ниво 3 и 4 од највисокото 5 – Засилен до опасен ризик од појава на невреме во Македонија

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со австрискиот амбасадор Мартин Памер

Уапсен судија од Врховниот суд – фатен со мито од 10.000 евра