Утрински Весник
Економија

Ќе се гради заштитна ограда на oбиколница Битола

Ќе се гради заштитна ограда на oбиколница Битола

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор за изградба на заштитна ограда на обиколница Битола, со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот и на локалното население.

– Изработивме проектна документација за заштитна ограда на обиколница Битола и од вкупната должина на обиколницата (L=8 km), констатирано е дека има потреба за поставување на бариери на еден дел од обиколницата во должина од L=1,013 кm, соопштија од ЈПДП.

Од претпријатието наведуваат дека со поставувањето на звукозаштитни и заштитни бариери ќе се обезбеди сигурно и безбедно одвивање на сообраќајот на овој потег.

– Делницата на која е предвидено да се постават бариерите започнува пред почетокот на мостот до влезот на тунелот со тоа што на крајните делови ќе се постават ѕидови за да се спречи и поминување на пешаци, информираа од ЈПДП. см/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Цената на нафтата надмина 90 долари

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Состојбата со нафтата е стабилна и се следи, нема потреба од создавање паника – уверува министерката Димитриеска-Кочоска