Утрински Весник
Македонија

Ќе се градат три нови сообраќајници во Гевгелија

Ќе се градат три нови сообраќајници во Гевгелија

Гевгелија,11 мај 2020 (МИА) – Согласно годишната програма за изградба на локални патишта и улици во Општина Гевгелија, денеска градоначалникот Сашо Поцков соопшти дека во Гевгелија ќе се градат три нови улици за кои веќе ги подигнал техничките документи од Министерството за финансии.

Тој потврди дека Општината имала доставено три апликации на Јавниот повик и дека сите биле прифатени за финансирање од страна на домашни и странски програми и фондови.

– Новите улици се дел од програмата при чија изработка, како и на другите програми, наша приоритетна задача беше да изработиме што повеќе техничка документација бидејќи на тој начин можеме да аплицираме и да се надеваме да добиеме средства за различни проекти, рече Поцков и нагласи дека овие улици, поединечно, ќе имаат посебно значење за сообраќајното поврзување во Гевгелија.

На барање од стопанствениците, една од улиците, посочи Поцков, ќе се гради во стопанската зона кај Моински пат, другата покрај коритото на Сува река, во јужниот дел на градот, ќе ја поврзе населбата Караорман со станбениот блок кај мостот на Сува река,а третата ќе се пробие низ урбаниот блок 4 со цел да го растовари сообраќајот на улицата „Петар Мусев“ кај Основното училиште „Крсте Мисирков“. им/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја