Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Ќе побарам да го шутирам решавачкиот пенал во финалето“

„Ќе побарам да го шутирам решавачкиот пенал во финалето“
Img 7972

Манчестер сити и Челси, во сабота, ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите. натпреварот ќе се одигра во Порто.

Сити, во своето прво финале, ќе се обидат да се искачат на тронот, додека Челси од третиот обид, втор пат ќе се обидат да го освојат пехарот.

Пропозициите на лигата на шампионите се јасни, доколку нема победник во 90 минути ќе се играат продолжениа, а доколку и тогаш резултатот биде нерешен, за пехарот ќе се решава во пенал серијата.

Голманот на манчестер сити, Едерсон, има желба да го шутира последниот пенал, доколку победникот го решаваат пеналите.

„Јас сум на листата на оние кои ќе шутираат доколку победникот треба да го решат пеналите. Доколку дојде до тоа, подготвен сум да ја земам топката и да шутирам во петтата серија“, рекол Едерсон во интервју за ТНТ спорт.

„На тренинзите редовно шутирам пенали. Во тој сегмент нема подобар од мене во тимот“.

На прашањето зошто не шутира пенали на натпреварите на Сити, Бразилецот рекол.

„Гвардиола не ми дозволува да шутирам“.

> „Ќе побарам да го шутирам решавачкиот пенал во финалето“ <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица