Утрински Весник
Магазин

Анџелина Џоли тврди дека ѝ било ускратено правото на фер судење за старателство

Анџелина Џоли тврди дека ѝ било ускратено правото на фер судење за старателство

Анџелина Џоли откри дека судијата кој ја води постапката за старателство со поранешниот сопруг Бред Пит одбил да ги ислуша малолетните деца како сведочат за своите желби во врска со старателството. Таа исто така тврди дека ѝ е ускратено правото на фер судски процес.

Актерката во понеделникот достави документи до Вториот апелационен суд во Калифорнија во обид да го дисквалификува судијата Џон Удеркирк од пресудата за случајот, објави АП во вторникот.

Во судските документи, адвокатите на актерката наведуваат дека судијата „не го зел предвид придонесот кој тие би го дале зборувајќи за нивните искуства, потреби или желби“, што е во спротивност со државниот правен кодекс кој им овозможува на малолетните лица од 14 до 17 години да сведочат.

Џоли (45) и Пит (57) се родители на шест деца, од кои пет се малолетни: Медокс (19), Пакс (17), Захара (16), Шајло (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12).

Можете да прочитате

Сè забележуваат, малку кажуваат: Четири хороскопски знаци што тешко можете да ги измамите

Човештвото може да исчезне до 2100 година поради нуклеарна војна и злоупотреба на вештачката интелигенција

Големо откритие во физиката: Создадени првите нуклеарни часовници во светот