Утрински Весник
Свет

Ќе го добиеме најмоќното оружје досега, тврдат Украинците

Dik 300x250 mk

Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека Украина набргу треба да ги добие долгоочекуваните ракетни фрлачи со повеќе цевки, со дострел од над 100 километри.

Ако тоа се случи, тоа ќе биде најмоќното оружје што Украина досега го добила од западните земји.

Според Подољак, Русија хистерично реагира на најавите дека САД ќе испратат модерни MLRS (multiple-rocket system) во Украина додавајќи дека тоа е еден од најголемите стравови на Москва.

Овие системи имаат многу поголем дострел од кое било оружје што моментно го има на располагање украинската армија.

За потсетување, „Вашингтон пост“ на крајот на минатата недела објави дека САД се подготвуваат да испратат MLRS во Украина, а конечната одлука треба да ја донесе американскиот претседател Џо Бајден во текот на неделава.

Можете да прочитате

Захарова го исмеа Бајден – 24info.mk

Трамп вели дека ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК