Утрински Весник
Македонија

Ќе биде отстранета галијата кај стара пошта

Сите екскурзии на средношколците од Скопје за Италија ќе се одложат на неопределено време

Скопје, 9 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска изјави дека се создадени услови за да биде отстранета галијата што се наоѓа во близина на стара пошта, без опасност Градот да сноси какви било финансиски импликации.

– Создадени се услови и во рок од 30 дена, сметано од денеска, корисникот треба да го отстрани она што се нарекува урбана опрема. Во спротивно по истекот на рокот, Градот на негов трошок ќе го направи тоа, по 10 април оваа година, нагласи Шилегов.

Градоначалникот појасни дека според направените анализи, објектите од проектот „Скопје 2014“, што се наоѓаат во коритото на реката Вардар сериозно можат да предизвикаат поплави кои ќе нанесат материјална штета и ќе ги загрозат безбедносата и здравјето на скопјани.

Тој изрази очекување дека во иднина ќе се создадат услови за отстранување и на останатите галии. см/сп/

Прес Шилегов

Posted by MИА.mk on Понеделник, 09 март 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје

Спречени два обиди за криумчарење на мигранти, приведени двајца криумчари,

Тошковски: За секој што ќе биде утврдено дека е одговорен ќе има законски последици