Утрински Весник
Свет

Ќерка на полицаец од Тексас убиен во заседа нападната поради твит

Ќерка на полицаец од Тексас убиен во заседа нападната поради твит
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ќерката на еден од двајцата полицајци убиени во заседа викендовво Меклен, Тексас, беше жестоко нападната на Твитер за објавување на хаштагот #bluelivesmatter како трогателно оддавање почит на својот починат татко, пренесува „Њујорк пост“.

Савана Чавез, ќерка на убиениот полицаец Исмаил Чавез (39), го објавила сега веќе избршаниот твит во саботата, истиот ден кога нејзиниот татко и неговиот колега од Мекален, Еделмиро Гарза (45), беа убиени на повик за домашно насилство.

„Зборовите не можат да ја опишат болката што ја чувствувам, но мило ми е што татко ми е сега во мир. Беше прекрасен човек и тоа го знаеше секој што те запознал. Многу ќе ми недостигаш. Умре правејќи го она што најмногу го сакаше, умре како херој.  Те сакам тато, ќе се видиме наскоро. #bluelivesmatter”, напишала Савана во твитот.

Твитот бил објавен доволно долго за да предизвика сочувство и почит, но и омраза.

„Да се ​​биде полицаец е избор. И последниот пат кога проверив, сините луѓе не постоеја. Можеби да се едуцирате?“, твитна еден корисник.

Друг корисник, кој се идентификувал како средношколец, додал: Жал ми е за твојата загуба, но не мора да употребиш расистички хаштаг“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лавров тврди дека Украина со дронови ја нападнала резиденцијата на Путин, Киев ги отфрла обвинувањата

Трамп и Путин во телефонски разговор, Белата куќа го оцени како позитивен

Брижит Бардо ќе биде погребана во Сен Тропе