Утрински Весник
Магазин

Ќерката на Владе Дивац му го честита роденденот: Секогаш ќе бидам горда на тебе

Ќерката на Владе Дивац му го честита роденденот: Секогаш ќе бидам горда на тебе

Српската кошаркарска легенда Владе Дивац денес наполни 53 години.

Неговата сопруга Снежана му испрати емотивна порака по повод родененот, кој заедно го прославија во САД по три децении брак. „Среќен роденден на мојот убав сопруг со срце полно со љубов не само за мене и семејството туку и за сите луѓе на кои им помогна“.

И нивната посвоена ќерка Петра сподели посебна честитка.

„Среќен роденден на вистинската легенда. Тој ме научи на сè што сум денес. Ми даде место како да сум негова мини реплика“, му напиша таа.

„Знам дека мислеше дека моите браќа ќе одат секаде со тебе, но наместо нив, тоа сум јас! Те сакам засекогаш и едвај чекам да видам каде ќе одиме сега. Засекогаш ќе бидам горда на сè што правиш и сакам еден ден да бидам барем половина од она што си ти како личност“, порача Петра.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ХОРОР ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА ВО АНГЛИЈА: Маж влегол меѓу тигрите, едно од животните го нападнало

ШТО НАЈМНОГУ САКААТ МАЖИТЕ ВО КРЕВЕТ? Ескорт-дама ја откри најбараната секс-поза, одговорот ќе ве изненади

Пријателите никогаш не ви ги лајкуваат објавите? Психолозите објаснуваат што може да значи тоа