Утрински Весник
Свет

Њујорк и соседните држави до крајот на мај целосно ќе ги укинат ограничувањата против Ковид-19

Њујорк и соседните држави до крајот на мај целосно ќе ги  укинат ограничувањата против Ковид-19

Американските држави, кои беа најсилно погодени од пандемијата со коронавирусот минатата година, би можеле целосно да ги укинат ограничувањата кои беа на сила поради спречување на Ковид-19.

Њујорк, Њу Џерси и Конектикат ќе ги отстранат забраните воведени поради коронавирусот на 19 мај.

Места како што се ресторани, продавници, театри, музеи, забавни паркови и спортски сали ќе можат да работат со полн капацитет.

„Ова е пресвртна точка и важен момент за транзицијата на државата Њујорк“, вели гувернерот Ендру Куомо.

Њујоршкото метро ќе работи 24 часа на ден од 17 мај.

Можете да прочитате

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети