Утрински Весник
Спорт

Њукасл ќе се натпреварува со Интер за потписот на Видал

Барса отфрлиле понуда од Интер за Видал

Мадрид, 18 април 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал, е во областа на интересот на Њукасл, објавија шпанските медиуми.

Според „Мундо Депортиво“, Чилеанецот е подготвен сериозно да го разгледа предлогот на англискиот тим.

Претходно, беше објавено дека премиерлигашот може да го предводи Масимилијано Алегри, со кого работеше во Јувентус.

Видал исто така сака го бара и Интер, односно тренерот на неро-азурите Антонио Конте, кој работеше со Видал во Јувентус. Договорот на играч од средниот ред истекува во летото 2021 година.

Оваа сезона, 32-годишниот Артуро Видал одигра 31 натпревар за Барселона и постигна шест гола плус три асистенции. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ