Утрински Весник
Спорт

Њукасл плаќа огромна компензација на Тотенхем за Почетино

Почетино: Прашањето за трансферите не треба да биде упатено кон мене (видео)
Dik 300x250 mk

Лондон, 4 мај 2020 (МИА) – Њукасл ќе мора да плати 12,5 милиони фунти на Тотенхем доколку го назначи Маурисио Почетино за тренер до крајот на мај, пренесува „ЕСПН“. Ако „страчките“ го сторат тоа во јуни, тие нема да им плаќаат на „петлите“.
 
Спарси го отпуштија Почетино во ноември и му платија отштета од 12,5 милиони фунти. Според условите на договорот меѓу тренерот и клубот, секој тим кој ќе го назначи Аргентинецот во рок од 6 месеци од разделбата, ќе треба да ги врати тие пари во Тотенхем.
 
Претходно беше откриено дека Њукасл е подготвен да му понуди на Почетино договор со плата од 19 милиони фунти по сезона.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс