Лондон, 24 мај 2020 (МИА) – Премиерлигашите Њукасл и Вулвс се заинтересирани да се засилат со напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, пренесе „Дејли експрес“.
Според изворот, двата англиски клуба сакаат да се обидат да се стекнат со 32-годишнот Аргентинец, кој најверојатно ќе го напушти Јувентус ова лето.
Од претходно, интерес за Игуаин пројавија аргентински Ривер Плата и клубови од американската МЛС лига.
Во сезоната 2019/20, Игуаин одигра 34 натпревари за Јувентус, постигна осум гола и направи осум асистенции.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува цената на фудбалерота на 25,5 милиони евра. зс/