Утрински Весник
Економија

Љушев: Телеком ќе донира мобилен интернет за учениците од семејства во социјален ризик

Љушев: Телеком ќе донира мобилен интернет за учениците од семејства во социјален ризик

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Телеком ќе донира мобилен интернет за сите 30.000 основци и средношколци кои доаѓаат од семејства во социјален ризик за да ги следат наставните програми на платформите за далечниско учење, определени од Министерството за образование и наука, до крајот на учебната година, најави денеска директорот на Македонски телеком Никола Љушев.

Тој на денешната прес-конференција во Владата посочи дека далечинското учење е задолжително, но какао што рече, не сите деца ја имаат таа можност за да ги уживаат тие придобивки.

-Иако сме земја со фиксен интернет со пристап од околу 80-тина проценти од територијата околу 30.000 деца кои доаѓаат од семејства со социјален ризик или 18.400 домаќинства не се во можност да ја следат наставата. Во соработка со МОН и МИОА одлучивме дека можеме да најдеме заедничко решение на овој проблем. Телеком ќе донира мобилен интернет за овие ученици што е еден чекор напред кон решавање на предизвикот за обезбедување еднакви услови за дигитална настава за сите деца, рече Љушев.

Нагласи дека како Телеком имаат одговорност да обезбедат силна и стабилна интерент врска, но и морална обврска да придонесат за вклучување на сите деца во образовниот процес во услови на вонредна состојба.

-Вклучувањето на ранливите категории во дигиталното општество за нас не е ново, но е приоритет во услови во кои единствениот пат по кој се движиме е онлајн, потенцира Љушев. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Берзата во август: Ова се компаниите со најтргувани акции

Работници од Непал ја користат Македонија како отскочна даска кон ЕУ, полициските извештаи покажуваат загрижувачки тренд на исчезнувања

Угостителските услуги во август поскапи за 5,1 процент