Утрински Весник
Македонија

Штипската групација „Езимит“ донира шест милиони денари во државниот буџет

Штипската групација „Езимит“ донира шест милиони денари во државниот буџет

Штип, 7 април 2020 (МИА) – Во услови кога државата се соочува со справување со пандемијата, од штипската групација „Езимит“ соопштија дека донираат шест милиони денари во државниот буџет.

Групацијата Езимит, како општествено- одговорна  компанија земајќи ја предвид моменталната ситуација во Македонија, донесе одлука предвреме да ги исплати средствата по основа на данок на добивка за 2020 и 2021 во износ од шест милиони денари се вели во соопштението од групацијата „Езимит“.

Менаџерскиот тим наведува дека  групацијата ќе се откаже од мерките за помош на стопанството на Владата.  Езимит групацијата  ќе ги задржи сите вработени без да им се намалат платите.вдј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”