Утрински Весник
Спорт

Јунајтед погледнува кон една од ѕвездите на „волците“

Јунајтед погледнува кон една од ѕвездите на „волците“
Img 5587

Манчестер, 22 февруари 2020 (МИА) – Тимот на Манчестер Јунајтед е заинтересиран за португалскиот напаѓач Диего Жота од Вулверхемптон.

Португалецот има регистрирано 12 гола и 5 асистенции оваа сезона, вклучително и „хет-трик“ против Еспањол во 1/16-финалето на Лига Европа. Стрелецот има договор до 2022 година со тимот од „Молину“, откако пристигна од составот од Атлетико Мадрид во летото 2018 година.

Ss1

Според италијанските медиуми, сепак „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да го привлечат играчот наредното лето во обид да ја зајакнат својата офанзивна моќ. Интересот доаѓа и покрај просечните настапи на Жота оваа сезона во Премиер лигата, каде тој на 22 одиграни натпревари забележа само 3 голови.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами