Утрински Весник
Спорт

Јунајтед извиси, Тотенхем го „грабна“ Регуилон

Јунајтед извиси, Тотенхем го „грабна“ Регуилон

Серхио Регуилон нема место кај Зинедин Зидан во Реал Мадрид, се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но на крајот ќе заврши во редовите на Тотенхем.

Реал за левиот бек бара 30.000.000 милиони евра и клаузула во договорот дека ќе може да го откупи неговиот договор и да го врати во Мадрид во наредните две сезони. Манчестер Јунајтед не се согласуваа со клаузулата поради што на крајот и се откажаа од Регуилон.

Од друга страна на Тотенхем вакавата клаузула не му претставува проблем. Според медиумите Тотенхем многу бргу постигнале договор со Реал и со 23 годишноот лев бек.

Тотенхем и Реал преговараат околу уште ден фудбалер, Герет Бејл, кој по шест години повторно би можел да се врати во Лондон.

> Јунајтед извиси, Тотенхем го „грабна“ Регуилон <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами