Јунајтед Груп, водечката телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа, денеска објави дека го именувала Николај Андреев за извршен директор на „Виваком, водечкиот оператор во Бугарија.
Јунајтед Груп, исто така, објави дека Дирк Геркенс, директор за програма, продукција и рекламирање во Јунајтед Медиа, е назначен за извршен директор на Нова Бродкастинг Груп, најголемата бугарска медиумска компанија.
Андреев од 1 декември ќе ја преземе функцијата од досегашниот директор на Виваком, Атанас Добрев, кој во август најави оставка, додека на неговото место на извршен директор на Нова ќе дојде Дирк Геркенс, поранешен генерален директор на RTL Club и TV2 во Унгарија.
„Среќни сме што денеска назначивме двајца искусни директори во Бугарија. Николај е исклучителен професионалец кој ги има докажано своите квалитети во неколку индустрии, вклучувајќи го и развојот на Нова во успешна компанија каква што е денес. Како телевизиски директор со над 25 години искуство, Дирк е високо ценет низ цела Европа“, рече извршниот директор на Јунајтед Груп, Викторија Боклаг.
Боклаг додаде дека е убедена дека под нивно водство Виваком и Нова Бродкастинг Груп ќе го продолжат успешниот бизнис од претходните години. „Бугарскиот пазар и нашиот бизнис во таа земја се многу важни за Јунајтед Груп. Сигурна сум во понатамошниот успех на Виваком и на компанијата Нова“, заклучи таа.
Андреев се приклучи на Нова Бродкастинг Груп како финансиски директор во 2009 година, а во 2019 година беше назначен за извршен директор. Магистрирал финансии и е добитник на наградата EI/Forbes „Финансиски директор на годината“ во 2014 година.
Геркенс се приклучи на Јунајтед Груп минатата година како член на Одборот на директори на Јунајтед Медиа и е вклучен во управувањето со овој бизнис од преземањето на Нова Бродкастинг Груп.
Јунајтед Груп, со седиште во Холандија, во чии рамки функционираат SBB и нејзините услуги EON и Total TV, а медиумските содржини се емитуваат од телевизиите и порталите N1, Nova S и Sport Klub, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Компанијата работи во осум земји, има приближно 11 милиони клиенти, речиси 14.500 вработени и годишни приходи од околу 2 милијарди евра. Јунајтед Груп има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивниот избор на ТВ содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигиталната инфраструктура, медиумските содржини и технологијата, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите. Од март 2019 година, Јунајтед Групе во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите инвестициски компании во светот.
За повеќе информации посетете ја веб страницата: https://united.group/ и http://www.unitedmedia.net
(ПР)