Утрински Весник
Свет

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“.

Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА), соопшти дека на лицата помлади од 30 години нема да им се дава оваа вакцина. Агенцијата, претходно неделава, објави дека ја прекинува употребата на вакцината на „Астра Зенека“ за лица помлади од 60 години, по извештајот на Европската агенција за лекови (ЕМА) дека постои поврзаност со случаите на тромбоза.

Здравствените институции во Јужна Кореја ги испитаа материјалите на ЕМА околу ова прашање и заклучија дека придобивките од вакцината се поголеми од можните несакани ефекти.

Донесена е одлука да не се користи вакцината на „Астра Зенека“ кај лица на возраст под 30 години без хронични болести, бидејќи, според ЕМА, ризикот од појава на несакани ефекти ги надминува можните придобивки од вакцинацијата.

 

Можете да прочитате

Зеленски: Конечно обезбедување на мир ќе зависи од партнерите на Киев

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур